Стипендии за 26 студенти од Општина Кочани
Дваесет и шестмина жители на Кочани, редовни студенти на државните универзитети во Република Македонија ќе бидат корисници на стипендија на Општина Кочани за студиската 2016/17 година.
Според претседателката на Комисијата за доделување стипендии, Ана Кралева, годинава интересот бил голем и во предвидениот рок биле поднесени 39 пријави, од кои 9 биле неприфатливи. Со Одлука на градоначалникот, а според Правилникот за доделување стипендии, од ранг-листата од 30 кандидати, стипендии ќе добијат 26 студенти.
- Според критериумите за добивање стипендија, успехот носеше најмногу 70 бода, материјалниот статус до 20 бода, а пет бода имаа децата на самохрани родители. Приоритет имаа и децата кои до полнолетството престојувале во домови за згрижување во Република Македонија. Студентите од градежен, архитектонски, геодетски и технолошки факултет имаа дополнителни пет поени, бидејќи нивните струки, со одлука на градоначалникот, беа утврдени за дефицитарни, изјави Кралева.
Стипендистите на Општина Кочани ќе добиваат по 2.500 денари во текот на девет месеци од тековната студиската година.
Првпат Општина Кочани додели стипендии во 2009/10 година, а со годинашниве се доделени вкупно 197 стипендии.
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица
-
Слоновите во САД не се луѓе, пресуди највисокиот суд во Колорадо
-
Јапонец украл амбулантно возило зашто не сакале да го одведат во болница
-
Ракопис на Боб Дилан продаден на наддавање за 508.000 долари