Обама и Ердоган вo телефонски разговор ги планирале следните дејствија против ИД
Претседателите на САД и Турција, Барак Обама и Реџеп Тајип Ердоган вчера во телефонски разговор ги разгледувале следните чекори во воената операција против терористичката групација Исламска држава, соопшти прес-службата на Белата куќа.
Обама дал висока оцена за учеството на Турција во акциите, особено поддршката на Анкара за сириските вооружени групи, коишто ги поттиснаа џихадистите од сириско-турската граница, пренесува ТАСС.
Американскиот претседател посочи и на неопходноста од тесна координација меѓу Вашингтон и Анкара со цел умножување на успесите и елиминирање на заканата, наречена Исламска држава. Тој исто така, го поздравил и постојниот дијалог меѓу Анкара и Багдад за меѓусебна соработка во Ирак.
Двајцата шефови на држави се согласиле околу почитувањето на територијалниот интегритет на Ирак и дека Курдската работничка партија, што и Вашингтон и Анкара ја сметаат за терористичка организација, не треба да добие засолниште во Северен Ирак.
Ново на Сител
-
Одложено рочиштето за случајот на родилката од Дебар, на која по породување и биле отстранети матка, јајник и бубрег
-
Уапсен битолчанецот кој извршил обид за убиство
-
Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио
-
Судењето против поранешниот директор на Онкологија и тројца онколози одложено за 5 септември
-
Зеленски побара ЕУ да го „заобиколи“ ветото на Унгарија за членство на Украина во Унијата
-
Двајца Албанци обвинети за улов на охридска пастрмка кај Свети Стефан
-
Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја
-
Седница на Советот на јавни обвинители