-->
-->
ПМФЛ: И Шкупи ја преслуша Шкендија
-->
Фудбалерите на Шкеднија очигледно се во резултатска криза. Откако во неделата го загубија дербито со Вардар, денеска повторо пред својата публика се поразени сега од екипата на Шкупи.
Во заостанатиот меч од 3.коло на Првата македонска фудбалска лига, екипата на Шкупи забележа победа над Шкеднија со 1:0 со голот на Ермедин Адем во 77-та минута.
По пвој пораз Шкендија останува со заостаток од 5 бодови зад водечкиот Вардар, додека Шкупи се проби на шестото место на табелата со два бода повеќе од Силекс.
Овие два тима ќе одиграат нов меч веќе во недела за кога се закажани натпреварите од следното 12 коло.
Табела: Вардар 25 бодови, Шкендија 20, Работнички 19, Пелистер 16, Ренова 15, Шкупи 13, Силекс 11, Победа 9, Македонија ЃП 9 и Брегалница 8.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска