Свет
14. October 2016 - 15:26

Стафорд усмртило бебе

Стафорд териер нападнал тројца луѓе, вклучувајќи две деца, од кои едното било бебе. Инцидентот се случил во Англија, вчера попладне.

Кучето го усмртило бебето, додека на другото му нанело повреди. Повредена е и жена која била пренесена во болница со лесни повреди.

- Ова е трагичен случај чии околности ги истражуваат нашите полицајци. Пративме и специјално обучен тим на луѓе за да му се најдат на смејството на настраданото бебе во овие тешки моменти, соопштиле од полицијата во Есекс.

По нападот, кучето било отстрането, пренесува „Метро“.

По несреќата двете деца биле пренесени во болница, но бебето за жал не преживеало.