Македонија
25. August 2015 - 9:42

Отворена нова спортска сала во Тетово

Спортската инфраструктурна инвазија продолжува. Денес во Тетово во кругот на Државниот Универзитет беше ставена во употреба нова спортска сала наменета за играње кошарка, ракомет, одбојка, пинг-понг, мал фудбал и други спортови.
 
Салата е дел од проектот: “Изградба на 35 спортски сали на територијата на Македонија” и е 33-та по ред ставена во употреба. Последните две сали се во фаза на изградба.
 
Овој спортски објект ќе го користат студентите одФакултетот за фиичка култура, но и останите студенти од Државниот Универзитет од Тетово.
 
 На свечениот чин присуствуваше премиерот Никола Груевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, министерот за Образование Абдулаќим Адеми, како и градоначалничката на Тетово Теута Арифи.
 
Со ова Владата на Република Македонија во соработка со Агенцијата за млади и спорт уште еднаш испрати порака до младите дека спортот е важен дел од животот и е вистински начин за одбегнување на пороците на модерното живеење.