Македонија
10. October 2016 - 12:22

Качински: ЕУ ќе се распадне ако не се реформира

Европската унија ќе пропадне ако не се реформира, изјави денеска лидерот на владејачката полска Партија на правото и правдата, Јарослав Качински, во момент кога, по историскиот референдум за Брегзит на Велика Британија, европските лидери се поделени по прашањата за економската и миграционота политика. 

- Континетот брзо се менува и гледам дека тоа не е најдобро, наведе Качински во интервјуто за германскиот весник „Велт“. 

Самиот лидер на конзервативната и национално ориентирана партија, Качински, смета дека зајакнувањето на популистичките партии низ континетот, како Алтернатива за Германија, Националниот фронт во Франција и антиевропските партии во Холандија може да ја загрози ЕУ. 

- Или ќе се реформираме или ЕУ ќе пропадне. Полска во неофицијалните преговори сугерираше како да се променат договорите во ЕУ и да се зајакнат државите членки, нагласи Качински.