Напад врз американски разорувач од Јемен
Два проектила беа истрелани кон американски разорувач стациониран во Црвеното Море. Нападот дошол од јеменската територија којашто е под контрола хутските бунтовници, но бродот не бил погоден, соопшти денеска американската Морнарица.
- Разорувачот „Мејсон“ ги забележал двата проектила кои биле испукани во интервал од 60 минути, додека се движел близу јеменското крајбрежје. И двата проектила паднаа во морето поради недоволно долгиот дострел. На бродот нема повредени, ниту пак, штета, изјави Џеф Дејвис, портпарол на Пентагон.
Претходно, при сличен ракетен напад, брод на Обединетите Арапски Емирати претрпе поголема штета, пренесува Танјуг.
Во меѓувреме, од Јемен е испукан уште еден проектил, а целта најверојатно била саудиската воздухопловна база близу градот Мека. Тоа е досега најдалечниот дострел на Хутите, односно нивната шиитска бунтовничка група, на територијата на Саудиска Арабија.
Во март 2015 година, арапската коалиција предводена од Саудиска Арабија, покрена офанзива против шиитските бунтовници, по што следеа неколку ракетни напади од спротивната страна.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Обединетото Кралство ќе ја трансформира државата
-
Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“
-
Сиљановска-Давкова не го открива името на идниот гувернер, вели дека веќе знае кој ќе биде тој
-
Собранието ги констатира оставките на министерот Таравари и двајца заменици министри
-
Калас: Мораме да го засилиме притисокот врз Русија за да ја натераме да се согласи на мир
-
ЕУ воведува нов систем на гранциите - ќе важи и за македонските граѓани
-
Уставен ги укина членовите 17 и 18 од Изборниот законик
-
Мирот во Украина изгледа подалеку по телефонскиот разговор на Трамп со Путин