Во Скопје вчера 11 сообраќајки, осум лица полесно повредени
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 11 сообраќајни несреќи, од кои шест се со материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле осум лица.
Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник во патничко моторно возило, а со телесни повреди еден возач на патничко моторно возило.
Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се 16 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 10 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и девет возачи кои за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, односно не го носеле сигурносниот појас.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 70 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Гоце Делчев“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.
Со почеток во 20:30 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамките на СЕХА-лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Металург и РК Нексе, Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата