Иванов побара од ОН новиот генерален секретар да биде од источна Европа
Новиот Генерален секретар на Обединетите нации кој набргу треба да го замени сегашниот Бан Ки-Мун, да биде избран од источно-европската група на држави, членки на ОН, повика претседателот Иванов во своето обраќање на генералната дебата на 71. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Воедно, македонскиот претседател му посака успех во кандидатурата за Генерален секретар на ОН, на поранешниот министер за надворешни работи на Македонија и поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН Срѓан Керим.
- Годинава ОН ќе изберат и нов Генерален секретар. Република Македонија го номинираше поранешниот претседател на Генералното собрание на Обединетите нации Срѓан Ќерим за оваа одговорна позиција. Ги цениме напорите овој процес да биде транспарентен и да биде согласно заслугите на кандидатите. Процесот на селекција веќе започна во Советот за бебзедност. Во оваа пригода, сакам да му посакам многу среќа на Керим, но и да го повторам повикот новиот Генерален секретар да биде избран од Источно-европската група на држави, истакна македонскиот претседател.
Од говорницата на ОН во Њујорк, Иванов се заблагодари на досегашниот Генерален секретар, и како што рече негов пријател, Бан Ки-мун за сите негови неуморни напори во соочувањето со бројните светски предизвици, но и во спроведувањето на реформата на Организацијата.
Во својот говор македонскиот претседател се осврна и на целите на Обединетите нации и на прашањето за човековите права и слободи, според кого како да се заборааваат и запоставуваат од земјите членки.
- Прогонувањето на луѓе со различна вера и уверување е се поизразено, не само во не-секуларни, туку и во развиени и секуларни општества. Во вакви услови, некои дури го поставуваат прашањето дали денес Обединетите нации воопшто би можеле да ја усвојат Универзалната декларација за човекови права. Оваа организација ги претставува сите држави, со сите нивни разлики. Но, треба да внимаваме, правејќи компромиси, да не ги компромитираме темелните вредности и слободи и визија. А визијата е запишана во Повелбата на Обединетите нации и во Универзалната декларација за човековите права, истакна Иванов.
Ново на Сител
-
Изминатиов викенд 1148 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 458 за брзо возење
-
Македонски боксерски судија нападнат во ринг од страна на азербејџански тренер | ВИДЕО
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад