Нема прекршочни постапки за радиодифузерите во првиот период
Привремената комисија за следење на медиумското преставување на денешната седница реши да не поднесе предлози за прекршочни пријави против радиодифузерите до Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми.
Според општиот заклучок на Привремената комисија, се оценува дека информативните изданија на радиодифузерите биле главно неутрални, а медиумите се обиделе да обезбедат ставови од повеќе извори.
Привремената комисија воедно ги повика медиумите да ги почитуваат законските обврски да известуваат балансирано, и да избегнуваат поистоветување на партија со државата.
- Мониторингот на медиумите во периодот од 2 до 11 септември 2016 година покажа дека изборот на темите главно беше диктиран од општествени настани кои се од интерес за граѓаните. Информативните изданија на медиумите беа главно неутрални, а медиумите се обидоа да обезбедат ставови од повеќе извори со цел презентирање на различни гледишта на јавноста. Во овој период медиумите се обидоа да ги издвојат новинарските жанрови - извештај од коментар/осврт со цел јавноста да може јасно да разликува што е инфорамција за настан, а што коментар/став за одреден настан, тема. Укажуваме дека медиумите во иднина треба јасно да ги почитуваат и применуваат стандарите за новинарски жанрови и истите да ги означуваат, пишува во заклучокот на Привремената Комисија.
Привремената комисија го разгледуваше извештајот на АВМУ за известувањето на 18 телевизии и радио-дифузери. Согласно методологијата на АВМУ, на 100 дена пред изборите се разгледува почитувањето на Изборникот Законик од страна на радиодифузерите, при што членовите кои се однесуваат на баланс во известувањето и поистоветувањето на партија со држава се разгледуваат во 10 - дневни периоди.
Ново на Сител
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин
-
Хамилтон: Знам дека фановите на Ферари не се задоволни од мене
-
Гаши: Останувам во коалицијата „Влен“
-
Песков: Путин не дал никаква наредба за продолжување на велигденскиот прекин на огнот
-
Воз удри во автомобил на железничкиот премин кај Зелениково