-->
-->
Раца: Реално ова се нашите можности
-->
Македонија убедливо загуби од Велика Британија во Кавадарци во рамките на квалификациите за ЕП и по 4 учества нема да патува на европско натпреварување. Селекторот Драган Раца оцени дека ова е реалната слика на македонската кошарка.
„Ова е реалната слика за македонската кошарка. Репрезентативците одиграа како што одиграа и не треба да бидат погрдувани за овие резултати. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Имавме и неколку пехови. Уште пред почетокот на квалификациите останавме без Марко Симоновски, а потоа и без Дамјан што беше огромна штета за нас бидејќи тој е едниот од клучните играчи.
Немавме замена за него, влеговме во контра ритам. Мора да бидеме свесни дека во иднина мора да се работи на тоа. Мора да се пуштат Македонците на терен. Момците кои тренираа овде повеќе од два месеци дадоа сè од себе. Не треба многу да се жалиме туку да почнеме со работа. Да се направи некој систем каде мора сите играчи кои се повикани да дојдат и да играат како што тоа е случајот со, на пример, Велика Британија. Тоа е основна работа. На последниот натпревар ќе гледаме да одиграме што подобро".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Двајца малолетници ограбени во Аеродром
-
Фатени две лица кои запалиле угостителски објект
-
Малолетниот Коста од судот доби статус на „оштетен“
-
Попладнево ќе возат само 25 автобуси на ЈСП кои се на гас, другите немаат нафта
-
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември
-
Шеф на украинската дипломатија Сибиха: Мораме да го принудиме Путин да склучи мир, а не да го бараме тоа од него
-
По САД уште три земји ја запреа работата на своите амбасади во Киев
-
Околу 50 земји во ОН ја потврдија својата поддршка за Украина