-->
-->
Луѓе вампири, не смеат да се појават на сонце им се топи кожата
-->
Тоа се луѓе со генетско пореметување познато како Xeroderma Pigmentosum.Од 800 жители на селото дури 600 го имаат ова пореметување, кое ја прави нивната кожа исклучително чувствителна на сонце. Кожата нема способност за регенерација а дури и краткотрајно изложување на сонце може да доведе до смртоносен рак на кожата! Селаните во селото Арарас во Сао Паоло ги нарекуваат вампири.
Неуките веруваат дека се работи за Божја казна. Биологот Карлос Менк вели дека се работи за наследна генетска мутација. Според научниците, причната што толку голем број жители на селото го имаат ова пореметување, лежи во фактот што повеќето потекнуваат од само три семејства на португалски освојувачи кои таму се населиле во 16 - от век.
- Во Арарас има голема концентрација на луѓе со лош ген кои и натаму генетски се мешаат. Имено, таму сеуште во брак стапуваат роднини и добиваат деца со истиот ген кој станал доминантен- вели дерматологот Суламита Чаибуб.
За болеста нема лек, така што овие луѓе мораат во потполност да го избегнуваат сонцето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем
-
Посебен режим на сообраќај поради ноќната атлетска трка
-
Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад
-
Џинпинг вети дека ќе работи со владата на Трамп во неговиот последен разговор со Бајден
-
Во близина на резиденцијата на премиерот на Израел паднале две ракети