Сите потреси во местата кои беа најпогодени од поплавите
Земјотресот кој во 14:20 го стресе Скопје бил со интензитет од 3.7 степени според Рихтер, покажува мерењето на Европската макросеизмичка опсерваторија. Епицентарот бил во близина на селото Црешево.
Почувствуван е во Скопје и околината.
Претходно, земјотрес со јачина магнитуда од 2,3 по Рихтеровата скала го потресе Скопје денеска во 11 часот и 50 минути.
Двата земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.
Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.
Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.
Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.
Интересно е што речи си сите потреси беа во местата кои беа најпогодени од поплавите.
Ново на Сител
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина
-
Скопје: Со возило полно мигранти бегал од полиција, па удрил во бетонски столб
-
Посебен режим на сообраќај во понеделник во Скопје
-
Трагедија во Гостивар - Почина 6-годишно дете, откако му се слошило на тренинг
-
Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8
-
Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови
-
Едно лица загина во сообраќајна несреќа на патот Струмица-Валандово, кај село Костурино
-
Мицкоски: Унгарскиот претседател Орбан понудата ја даде во име на претседателствувањето со ЕУ