Свет
20. August 2015 - 11:50

Страотна несреќа над Словачка, судар на два авиони

Најмалку седум лица загинаа во судар на два авиони над село во западна Словачка, соопштија официјалните лица.

Овој страшен судар се случил кај селото Червени камен, околу 8.30 утрово.

Медиумите јавија дека во двата авиони имало 40 патници и членови на екипажот.

На местото на несреќата веднаш се испратени медицински тимови и хеликоптер, јавија локалните медиуми.