Стејт департмент: САД и Русија се блиску до постигнување спогодба за Сирија
САД и Русија се блиску до постигнување спогодба за Сирија, но останува да се решат уште неколку прашања, изјави претставник на Стејт департментот во кинескиот град Ханџоу, каде денеска се отвора самитот на Г-20, пренесоа британските медиуми.
Договорот може да биде објавен подоцна, во текот на денот, додаде американскиот претставник.
Претходно, претседателот Барак Обама, по средбата со британската премиерка Тереза Меј, изјави дека без отстапки од руска страна ќе биде тешко да се пристапи кон нова етапа во решавањето на конфликтот во Сирија.
-Имаме сериозни разлики за страните кои ги поддржуваме во Сирија, посочи Обама.
Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавровј соопшти дека Русија се договорила со САД за повеќето прашања битни за решавање на сирискиот проблем. Тој додаде дека министерствата за надворешни работи и за одбрана, како и специјалните служби, од двете земји и натаму секојдневно контактираат за изработка на заеднички алгоритам за борбата со тероризмот, пренесе ТАСС.
Ново на Сител
-
САД: Израел ги постигна повеќето од своите воени цели во Газа
-
Нов обид на Уставен суд да избере претседател
-
Возот од Велес утрово не тргна за Скопје
-
Локални избори во Србија: СНС прогласи победа, опозицијата тврди – Ниш и Чачак се слободни градови
-
Нетанјаху може да издржи подолго на власт од Бајден
-
Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот остров, на кој на Нова година загинаа 230 луѓе
-
Променливо облачно со сончеви периоди и со локална појава на пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патишта