Македонија
1. September 2016 - 14:45

Македонска Каменица со мерки за учениците кои доагаат од семејства во социјален ризик

Општина Македонска Каменица продолжува со реализација на социјалните програми за субвенционирање ученици кои доаѓаат од семејствата кои живеат  во социјален ризик.  
 
Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски кој на првиот ден од новата учебна година, беше во посета на ООУ „Св Кирил и Методи“,  Општината ќе доделува паричен надоместок за исхрана на ученици од многудетни семејства и ученици од социјално загрозени семејства, за што е донесен е посебен Правилник за начинот, условите и висината на надоместокот за користење на исхрана.
 
- Можам да кажам дека Општина Македонска Каменица е лидер во државата по социјални мерки за ученици. На почетокот на учебната година ние спроведуваме пакет мерки, покрај целодневата настава оваа година Општина на оние кои се во целодневна настава, а се од социјалните категории семејства, доделуваме беспалтен оброк и секое второ дете од семејство кое е во основно образование, а посетува целодневна настава, Општина ќе обезбедува средства, рече Митевски.
 
Тој додаде дека и годинава продолжува трендот на раст на бројот на нови првачиња и запишани се речиси дваесет нови ученици повеќе во споредба со минатата година.
 
-За нас е огромно задоволство што сите подрачни училишта функционираат. Годинава се запишани околу 80 првачиња, што во споредба со минатите години е значителен раст. Тоа е факт кој радува и се надеваме дека за неколку години повторно ќе имаме повеќе од 100 нови првачиња во училишните клупи, изјави Митевски.
 
Директорот на каменичката деветолетка Димче Атанасовски истакна дека сите услови за успешен старт на училиштето се исполнети.
 
-Сите услови се обебзедени за успешен почеток, превозот на децата во селските средини ќе се одвива без пробелми, рече Атанасовски.