Тенис
18. August 2015 - 13:01

Мареј: Медиумите сакаат кавга помеѓу мене и Ѓоковиќ

Победникот на турнирот во Монтреал, Енди Мареј изјави дека медиумите со текот на годините направиле неколку обиди да го скараат со Новак Ѓоковиќ  против кого славеше во финалето. 

„ Го почитувам  Новак како тенисер,  се знаеме  од 12-13 години и навистина е тешко да си екстремно  близок со некој со кого играш големи мечеви. Сепак нашиот однос е одличен, пред некој ден игравме баскет заедно и функциониравме супер“- изјави Мареј кој наведе дека медиумите бараат кавга, анимозитет помеѓу најдорите тенисери. Сепак Мареј смета дека она што се случи помеѓу Кирјос и Вавринка пред неколку дена не е добро за тенисот.