Грчките здравствени власти истакнуваат дека нема причина за загриженост во врска со појавата на маларија
Нема апсолутно никаква причина да има загриженост во врска со можноста за појава на маларија, изјави генералниот секретар на Министерството за здравство Јанис Баскозос во интервју за грчката државна новинска агенција.
- Ширење неоснована загриженост и уривање на имиџот на земјата во странство е неодговорен акт, додаде тој.
Баскозос исто така, истакна дека „не е докажана епидемија, која започнала од бегалец или мигрант“, додавајќи дека државата ги презема неопходните чекори, ги следи состојбите и врз основа на достапните информации, не постои причина за загриженост.
И грчкиот Центар за контрола и превенција на болести (КЕЕЛПНО) ги отфрли стравувањата дека во Грција се шири маларија, по невообичаено големиот број случаи кои биле регистрирани во текот на изминатиот викенд.
Претставници на грчкото Министерство за здравство го поврзуваат зголемувањето на случаи со зголемување на бројот на мигранти кои патуваат низ земјата.
- Грција е безбедна со незначителна опасност од маларија, соопшти синоќа КЕЕЛПНО и додаде дека меѓународните здравствени организации истакнале оти нема потреба туристите во Грција да преземаат посебни мерки за претпазливост.
Поради зголемениот број случаи на маларија од вчера е прекинато крводарителството во повеќе болници во различни делови на земјата. Од почетокот на годинава, во Грција се пријавени 65 случаи на маларија, претежно кај мигранти.
Министерството за здравство наглси дека се работи за изолирани случаи и не претставуваат закана.
Ново на Сител
-
Пожар во скопската населба Бутел 1, запален кров на барака
-
Десетици вооружени хулигани запалија трамвај во Амстердам
-
На Попова Шапка најстудено - 5 степени, во Гевгелија најтопло со измерени 7
-
Без вода корисниците на улиците „Финска“ и „Христо Татарчев“
-
Собранието ќе ја започне 19. седница, ќе се гласа за доекипирање на ДИК
-
Суд во Рим повторно нареди враќање на мигранти од Албанија во Италија
-
Северна Кореја го ратификуваше одбранбениот договор со Русија
-
Во Германија уапсен тинејџер под сомнение дека планирал терористички напад