Во Њујорк убиени имам и неговиот помошник
Непознат напаѓач уби со огнено оружје еден њујоршки имам и неговиот помошник во близина на нивната џамија во Квинс, јавија денеска американските медиуми.
Њујоршката полиција соопшти дека имамот Маулама Аконџи (55) и неговиот помошник 64-годишниот Тара Јудин се убиени вчера среде бел ден, околу 14 часот по локално време во делот на Квинс, кој се нарекува Озон Парк.
Во тој кварт, на границата меѓу Квинс и Бруклин живеат голем број муслимански семејства од Бангладеш.
Напаѓачот им пришол на двајцата мажи од зад грб и отворил оган кон нив, стрелајќи ги во главата. Имамот починал на лице место од куршумот кој му бил испукан во главата, додека неговиот помошник починал во болница.
Полицијата нагласи дека убиецот побегнал со пиштолот в рака од местото на злосторството.
Имамот и неговиот помошник се убиени додека ја напуштале џамијата Ал Фуркан Џаме Масџид по саботната попладневна служба и биле облечени во традиционална муслиманска облека.
Полицијата наведува дека мотивот за убиството засега е непознат и оти засега никој не е уапсен во врска со инцидентот.
- Ништо во текот на прелиминарната истрага не укажа дека тие се убиени поради нивната вера, изјави портпаролот на полицијата.
Од канцеларијата на њујоршкиот градоначалник нагласуваат дека полицијата ги истражува сите можности, па и тие дека станува збор за злосторство од омраза.
На местото на убиството пред џамијата доцна синоќа се собраа повеќе од стотици луѓе, од кои многумина извикуваа „Сакаме правда“.
Советот за американско-исламски односи организираше прес-конференција во близина на местото на злосторството, на која имамот на друга џамија Кобир Чоудри изјави: „Тоа е злосторство од омраза, насочено против исламот“.
Ново на Сител
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница
-
Лишен од слобода крадец во Куманово
-
Мицкоски: Нашата цел е да ја направиме Македонија земја на можности каде трудот се исплатува