Ракомет
17. August 2015 - 8:16

РК Вардар го освои турнирот во Кањижа

Ракометарите на Вардар триумфираа на турнирот во Кањижа откако во финалето славеа над унгарски ПИК Сегед со 22:19.
 
Вардар до победата го предводеше Игор Карачиќ кој постигна седум голови. Хрватскиот репрезентативец беше прогласен и за најдобар играч на турнирот. Исто така Арпад Штербик ја понесе трофејот за најдобар голман на турнирот во Кањижа.
 
Вардар на патот до титулата во Кањижа ги совлада покрај ПИК Сегед и Партизан односно Горење.