ОН: Јужносуданската војска егзекутирала и малтретирала цивили
Безбедносните сили во Јужен Судан минатиот месец егзекутирале цивили и малтретирале група жени и девојчиња за време на жестоките борби во главниот град Џуба, изјави високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин.
Тој побара од Владата на јужносуданскиот претседател Салва Киир виновниците да одговараат за своите злодела и ги повика големите светски сили да преземат итни мерки за прекин на насилството во најмладата држава на светот.
- Некои цивили се убиени при престрелки меѓу завојуваните страни, но за други се тврди дека биле безмилосно егзекутирани од безбедносните сили, чија главна цел веројатно се луѓето од етничката група Нуер, се наведува во соопштението на ОН.
- Регистрирани се 217 случаи на сексуално насилство во Џуба во периодот меѓу 8 и 25 јули, за време на борбите. Досега ОН документирала речиси 73 случаи на цивили, кои се убиени од безбедносните сили, но нивниот број можно е да е поголем, истакна Ал Хусеин.
Ново на Сител
-
Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг намален за 4,7 п.п. продолжуваме со фискална консолидација и забрзан економски раст
-
Словенецот Јака Малус е нов играч на Вардар
-
Приведен 44-годишен маж во кумановско, возел под дејство на алкохол
-
Земјава на 42 место во светот според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници
-
Вчера 132 санкционирани возачи под дејство на алкохол, 114 без возачка дозвола
-
Попладне облачно со краткотраен пороен дожд
-
Поради неизгасната првомајска скара, изгореа куќа и штала
-
Кина: Коронавирусот можеби потекнува од САД