-->
-->
Олимпиското злато во Рио направено од 99% сребро
-->
Сонот на секој спортист е да го освои најсјајното одличје, златниот медал, на најголемиот светски спортски настан Олимписките игри.
Кога ќе запрашате некој спортист од што е направен златниот олимписки медал, одговорот најчесто ќе биде – од многу труд, пот, и долги години напорни тренинзи и откажувања.
Оваа констатација не е далеку од вистината, напротив. За да се одвои било кој од трите олимписки медали, потребно е многу работа и вложување во спортот кој самиот олимпиец го одбрал.
Но. Ако ги прашате работниците на Националната фабрика за кованици во Бразил, би добиле одговор, од сребро.
Имено, златниот олимписки медал на претстојните ОИ во Рио де Жанеиро кој тежи 500 грама, во себе содржи дури 99% сребро.
Токму тој еден процент, е разликата од вечната слава која златниот олимпиец ќе го внесе во историјата на светскиот спорт, за разлика од носителите на сребрениот и бронзениот медал.
Борбата за медалите на 32-те Летни олимписки игри во Рио, започнуваат на 6 август, а ден порано е свеченото отворање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
-
Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност