Дуња ја отвори душата: Доживеав киднапирање, ќотек, затвор, горев во пекол на дрогата…
Познатата пејачка откри многу тајни за своето минато, опишувајќи го својот живот во неколку реченици, ги остави луѓето без зборови.
Дуња Илиќ за своите 25 години живот преживеала разни страотни моменти, киднапирање, затвор, ќотек…
-Ако баш ве интересира имам преживеано киднапирање, ќотек, затвор, развод на моите родители, па тогаш и својот. Имам преживеано банкрот, и тоа два пати. И тоа на страшни штикли. Сум била предмет на исмевање и предавство безброј пати, а сум била само дете. Ја оставив дрогата како добар ден, а горев во пеколот на истата. Ги запознав најважните луѓе и завршив најлошо и најдобро поради нив. Некогаш косата ми е лоша, добивам стомаче и по некое мозолче, но тоа сум јас. Човек од крв и месо, никаква фатална убавица. Само јака жена која го чека мажот кој ќе и каже дека се ќе биде ок. И да не биде обичен серко, кој само така вели. Па извинете душегрижници ако понекогаш и се одвалам од квалитетна вотка и се будам покрај згоден странец. Секој си има свој вентил. Мојот е општествено неприфатлив, но мене единствено сфатлив. Фала – напиша Дуња Илиќ во искрената исповед.
Ново на Сител
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле
-
Арагчи утре во Москва ќе се сретне со Путин
-
Три лица се претставувале како полициски служеници, па едниот од нив физички нападнал возач