Ослободена киднапираната баба на Берни Екелстон
Апаресида Шунк (67), тештата на првиот човек во Формула 1 шампионатот, Берни Екелстон, која беше киднапирана пред 10 дена од нејзиниот дом во бразилскиот град Сао Паоло, е ослободена без никаков откуп, соопшти денеска локалната полиција.
Како што јави Би-Би-Си, мајката на Фабијана Флоси, сопругата на Екелстон, беше киднапирана предминатиот петок, а грабнувачите бараа откуп од 36,5 милиони долари.
Екелстон непријатните вести ги добил додека престојувал во Велика Британија. Тој им предложил на властите во Сао Паоло да долета во Бразил, со цел да помогне во истрагата, но бил советуван – тој и неговата сопруга да останат во Обединетото Кралство.
Шунк била држена во заложништво во една фарма во близина на Сао Пасоло. Таа е лоцирана со помош на следење на повиците од грабнувачите.
- Спроведовме голема полициска акција за ослободување на жртвата. Двајца осомничени се уапсени, а жртвата не е повредена, соопшти Елизабете Сато, претставничка на полицијата во Сао Паоло.
Богатството на Берни Еклстон се проценува на 3,1 милијарди долари и со тоа е еден од најмоќните луѓе во светот на спортот. Тој се ожени со Фабијана Флоси во 2012, три години откако ја запозна на бразилското „Гранд При“.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска