-->
-->
Чешката влада одобри продолжување на мисијата на полицајци во Македонија и Унгарија
-->
Чешката влада ќе испрати 50 полицајци во Унгарија, а на 40 полициски припадници кои веќе се во Македонија ќе им биде продолжена мисијата до 11 септември, јави дописникот на МИА од Прага.
Како што информираше на Твитер претседателот на чешката Влада Бохуслав Соботка, овој чекор за продолжување на проактивен пристап за запирање на илегалната миграција е преземен на барање на двете земји Македонија и Унгарија.
Претходно министерот за внатрешни работи Милан Хованеци изјави дека полицајците се бараат за заштита на шенгенските граници и подвлече дека партнерите треба да си помагаат.
Од крајот на минатата година, контингенти на чешките полицајци поради миграциската криза во странство беа испратени девет пати. Покрај во Македонија, односно во Гевгелија, присуствуваа во Грција, Словенија и Унгарија.
Во Македонија, каде во моментов е третата група полицајци, двајца чешки полицајци секогаш одат во патрола со своите македонски колеги и го контролираат шенгенскиот простор на грчката граница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска