Коњаницата „Бигорски Манастир - Патот на Црешовото Топче“ на марш до Крушево
Група коњаници, членови на коњаницата „Бигорски Манастир - Патот на црешовото топче“ денеска го почнаа маршот во чест на празникот Илинден. Годинава, седми пат ќе поминат пат долг околу 200 километри по маршрута по која било пренесено првото црешово топче, од Бигорскиот манастир до илинденско Крушево.
По подготовките во селото Зубовце, коњаниците попладнево поминаа низ соседното село Тумчевиште и продефилира низ Гостивар. Благослов и желби за успешен марш во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ добија благослов од митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Продолжија кон Бигорскиот манастир каде учесниците симболично ќе положат комитската заклетва и ќе добијат благослов од монашкото братство и архимандритот Партениј.
Групата својот пат ќе гопродолжи преку планината Бистра, селата Кнежино, Козица, Цер и, според планот, на 2-ри август, со останатите ученсици од други краеви на Македонија, ќе се приклучи на прославата на Мачкин Камн близу Крушево.
Годинашниот 7. коњанички марш го организира здружението на граѓани „Бигорски манастир-патот на црешовото топче“ во чест на дел од историјата на Македонија кога монаси и локално население испраќале помош за востаниците и изработувале топчиња.
Ново на Сител
-
Лице од Скопје уапсено во Дебар бидејќи ја принудувал малолетната ќерка да питачи
-
Градоначалничката Арсовска нападната во Чаир при извршување на работни задачи
-
Косовскиот парламент не успеа да се конституира нитy по 45-ти пат
-
Куманово објави оглас за работно ангажирање на 30 пожарникари
-
ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола
-
29 надгробни плочи и споменици оштетени во рок од два дена на гробиштата во Ѓорче Петров
-
Кривична за наставничка од беровско која нападнала ученик
-
50-годишен маж пронајден со прострелни рани во Батинци, починал пред прием во болница