Ердоган предупредува на нов обид за воен удар
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика граѓаните да останат на улица и предупреди од можност од нов обид армијата да ја преземе власта.
- Нов обид од воен удар може да се случи секој момент, треба да ја задржиме контролата над улиците, напиша Ердоган на Твитер,
Претходно, вршителот на должност началник на Генералштабот на турската армија генерал Јумит Дјундар изјави дека војската е одлучна да ги отстрани членовите на „паралелната структура“ од своите редови.
Генерал Дјундар наведе дека 194 луѓе загинаа во обидот за пуч. Тој прецизира дека меѓу убиените 41 се полицајци, двајца војници, 47 цивили и 104 пучисти.
Според него припадници на воената авијација, на воената полиција и на оклопните единици учествувале во воениот удар.
Во меѓувреме, Анадолија јави дека околу 700 војници и официри го предале оружјето и излегле од седиштето на ГШ на турската армија, а потоа се предале на полицијата.
Ново на Сител
-
Израел почнува „тактичка пауза“ на воените дејствија во три области во Појасот Газа
-
Зголемена фреквенција на возила на граничните премини
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на Македонскиот фолклорен фестивал Преспа
-
Официјално: Ѓекереш нов играч на Арсенал
-
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-
Сончево и топло, попладне услови за дожд
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро