Тага до небо: На мајката не и дадоа да го види унаказеното чедо
Тригодишната Анѓелина Стефановиќ од Вратарница кај Зајечар, жртва на соседот Владица Рајковиќ, е погребана вчера попладне на локалните гробишта.
Во погребната поворка како и во домот на жртвата се собраа и старо и младо, роднини и пријатели од Вратарница и околните села.
-Рано моја, душо моја, Анѓелина, кој на баба вода ќе и донесе, кој ќе ја развесели вака тажна, каде ми те водат, чедо мое. Рацете да ти се исушат, злосторнику, да даде Бог, лелекаше бабата Душанка додека белиот човчег со телото на девојчето го ставаа во тракторската приколка.
Мајка Данијела тивко плачеше. Очите и пресушиле од солзи, гласот и застанал од болка, скршена и тажна, како да не беше свесна каква трагедија ја снашла. Неа не и дале да го види унакажаното тело на ќеркичето, па несреќното девојче го облекле други членови на семејството.
Вниманието на мештаните и бројните новинари го привлече присуството на Небојша, татко на убиецот Владица како и Перица, неговиот помлад брат. Таткото Небојша само тивко изговараше: „Несреќа! Не изрезили за навек, сами ќе се одречеме од него“. Перица, братот на ибиецот, цело време помагаше во поворката, а го понесе и ковчегот на Анѓелина и до следеше од приколката до гробот.
Лелек се слушаше вчера од куќата во која со таткото, бабата и дедоето живееше убиецот Владица Рајковиќ. Неговата баба жалеше што поради грозоморното убиство нема повеќе да го види својот внук.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал