Сериски убиец: Дали Владица покрај малата Анѓелина убил уште две жени!?
Мештаните од селото Вратарница тврдат дека Владица Рајковиќ кој е осомничен за силување и свирепо убиство на малечката Анѓелина (3), наводно убил уште две жени.
-Тој веќе призна три убиства: ја убил Драгана Николиќ за чие тело се трага, Анѓелина (3) и една постара жена која исчезна пред неколку години, тврдат мештаните од селото.
Тие се собраа пред селската продавница и ужасно се потресени од сето што се случи. Велат дека монструмот, синоќа ги однел полицајците до гробиштата за да им покаже каде е телото на исчезнатата Драгана Николиќ, со која живеел до пред месец дена, по што исчезнала.
-Постојано беше со не. Навечер одеше секаде, беше со постари жени, велат жителите и додаваат:
-Рајковиќ се занимаваше со земјоделие, сечеше дрва и ги продаваше и никој не знае на што ги трошеше парите кои ги позајмуваше. Не пушеше, а само понекогаш пиеше. Знаеше да се напие, ама не секојдневно, велат жителите.
Да потсетиме, колку убиецот се изживувал говори фактот што родителтие не го препознале лицето на Анѓелина, туку ја идентификувале по облеката.
Ново на Сител
-
Меланија Трамп во мемоарите го поддржува правото на жената на абортус
-
Емери: Астон Вила може да стигне до четвртфиналето во Лигата на шампионите
-
Грција испраќа транспортен авион во Либан за евакуација на грчки и кипарски државјани
-
Зошто пилотот не треба воопшто да има брада?
-
Децата не треба да имаат свој телефон пред возраст од шест години
-
„Шаоми“ ја претстави „14-T“ линијата паметни телефони
-
Пронајдена досега непозната слика на Пикасо
-
Најавени уште 120 тужби против Диди