„Анимакс Скопје Фест“ го отвори повикот за анимирани филмови
Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ објавува отворен повик за аплицирање за годинешното шесто издание на фестивалот, што ќе се одржи во ноември 2016 во Скопје, Република Македонија.
Право да се пријават имаат сите филмови изработени во која било техника на анимирање, завршени по 1 јануари 2015 година кои претходно не биле пријавени на Анимакс Скопје Фест. За да бидат разгледувани, филмовите треба да бидат пријавени во една од следните категории кратки анимирани филмови, долгометражни анимирани филмови (над 45 минути) и анимирани филмови за деца.
Краен рок за праќање на пријавите и видео материјалите е 20 септември 2016 година.
- Продолжуваме како четиридневен филмски фестивал посветен на анимацијата. Оваа година, шеста по ред за Анимакс, сакаме да ја посветиме на децата како публика и децата како креатори на анимација. Тие се безусловни и верни вљубеници во анимираниот филм. Ќе се обидеме да го прошириме концептот на Анимакс и да се фокусираме на фестивалски настани кои ќе ја обележат целата година, а не само неколку дена во месец ноември, вели м-р Кузман Кузмановски, директор на фестивалот.
„Анимакс Скопје Фест“ е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Република Македонија и Градот Скопје, а во соработка со Кинотека на Македонија.
Наградите кои ги доделува меѓународната жири комисија на овој фестивал се Златна, Сребрена и Бронзена Тула во секоја натпреварувачка категорија.
На минатото јубилејно петто издание имавме 427 пријавени анимирани филмови од 58 земји од светот.
Ново на Сител
-
Аврамовска Мадиќ: Излезноста на внатрепартиските избори за претседател на СДСМ 54 отсто
-
Деспотовски најави приговори за изборите за претседател на СДСМ
-
За ниедни пари не би пеела за партија | Лара Иванова | ПРОфесија | Sitel Podcast 049
-
Французите масовно гласаат во првиот круг од парламентарните избори
-
Гувернерот на Истанбул ја забрани Парадата на гордоста, го затвори центарот на градот
-
За влез во земјава на „Табановце“ се чека два часа, на останатите премини околу еден час
-
Два хеликоптера на МВР вклучени во гасењето на пожарот кај Василево
-
Најмалку 18 лица загинаа, а 30 се ранети во три напади на жени бомбаши самоубијци во Нигерија