-->
-->
Имате WhatsApp? Оваа порака може да ви го уништи телефонот!
-->
Откако ќе ја отворите опасната порака нема да приметите дека вашиот телефон е заразен, а опасноста постои и кај другите мобилни апликации за комуницирање, како и за стандардните СМС пораки.
Кога станува збор за мобилните и мобилните апликации, стигна најопасниот вирус до сега! Нов вид на вирус кој го заразува телефонот со СМС порака која ја добивате на мобилните апликации за комуницирање а овозможува на криминалците да ги добијат сите ваши лични податоци како име, презиме, адреса и податоци за банкарска сметка.
Овој вид на хакерски напад го откриле експерти за сигурност од компанијата FireEye кои тврдат дека вирусот со голема брзина се шири низ светот.
На вашиот мобилен стига порака на која се бара од вас да кликнете односно отворите одреден линк. Откако ќе го отворите линкот на вашиот мобилен се инсталира вирус, а потоа почнува следењето на вашата активност на мобилниот телефон.
Со една таква порака дури 130 илјади луѓе во Данска несвесно го симнале вирусот.
За максимално да се осигурате препорачуваме да не одговарате и не отварате линкови за кои не сте сигурни од каде доаѓаат односно кој е нивниот испраќач.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
Владата не ја донесе одлуката за ограничување на маржите
-
Трамп за денеска најави средба меѓу руски, украински и американски претставници
-
Макрон: Само украинскиот претседател Зеленски може да преговара за мир за неговата земја
-
Маск: Ќе ја повлечам понудата за Опен АИ доколку компанијата остане непрофитабилна
-
Облачно со повремен локален дожд во југозападните делови
-
Состојба на патишта
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико