Македонија
2. July 2016 - 12:23

Велешанец фатен додека превезувал 73 мигранти

Полицијата утрово пронашла 73 мигранти при контрола на товарно возило на локалниот пат од село Речица до село Ваксинце. 

Како што се наведува во соопштението од МВР, утрово околу 6:00 часот од страна на униформирани полицијаци од полициската станица „Белановце“, на локалниот пат од с.Речица-с.Ваксинце, при контрола на товарно возило „Волво“ со скопски регистерски ознаки, а управувано од М.Д.(35) од Велес, биле пронајдени 73 мигранти.

Мигрантите се од Авганистан, Сирија, Пакистан и Бангладеш, а М.Д. ги превезувал за одреден паричен надоместок.

Возачот на возилото е приведен и со него се врши разговор. Известен е јавен обвинител за понатамошна постапка.

Се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.