„Шпигел“: Меркел е виновна за Брегзитот
Наместо за резултатите од референдумот да се обвинуваат неинформираните Британци, Германија треба да размисли за својот однос кон демократијата и кон политиката на отворени врати за бегалците, пишува денеска влијателниот германски магазин „Шпигел“.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, германскиот весник ја анализира одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ, за која оценува дека можеби да е испровоцирана од политиката на германската канцеларка Ангела Меркел кон бегалците.
„Шпигел“ се противи на создавањето стереотип за британските гласачи кои гласаа за напуштање на ЕУ, како за стари и необразовани луѓе кои не користат интернет.
- Дури и во Лондон каде што се води космополитски живот 40 отсто од грѓаните гласале за напушање на ЕУ, вели авторот на анализата Јан Флајшауер, кој смета дека тврдењето оти „старите ги предале младите“ е само мит.
Тој наведува дека во анкета на „Скај Њуз“ само 36 отсто од младите меѓу 18 и 24 години гласале на референдумот и одлучиле за својата иднина, додека 83 проценти од оние над 65 години старост јасно го искажале својот став за правецот по кој треба да оди Обединетото Кралство.
Според „Шпигел“, германските медиуми грешат во обвинувањата кон премиерот Дејвид Камерон, кој според нив прелесно свикал референдум за прашања кои се премногу комплицирани за да бидат одговорени со да или не.
Наместо тоа медиумите треба да ги анализираат вистинските причини за Брегзитот, меѓу кои е и политиката на германската Влада за отворена врата за бегалците, смета весникот.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи