Груевски: Мнозинството граѓани сакаат кризата да заврши побрзо со избори
ВМРО-ДПМНЕ изгради своја сопствена стратегија за надминување на кризата, а една и пол година подоцна според резултатите од мерењето на јавното мислење имаме висока поддршка кај мнозинството граѓани. Мнозинството граѓани сакаат и кризата да заврши побрзо со избори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешното одбележување на 25-годишнината на Унијата на млади сили.
- Втора цел е надминување на ситуацијата и излегување на предвремени избори, на кои народот откако беше дозволено на креаторите на кризата да го употреби целото негово деструктивно, манипулативно и несекојдневно оружје, и се разбира откако тој ист народ го виде нашиот однос и работа и пред оваа политичка криза, и во нејзиниот тек, да му се овозможи да донесе одлука преку фер и слободно гласање. Да си каже кому му верува, и која политичка гарнитура со која политичка платформа и програма, како и начин на работа и функционирање, сака понатаму да ја води државата во наредните 4 години, рече Груевски.
Судејки по реакцијата на мнозинството граѓани, оценета по објективни современи методи на мерење на јавното мислење, таа стратегија година и пол по почеток на кризата, рече Груевски, резултира со следната состојба кај мнозинството од народот:
- ВМРО-ДПМНЕ има висока подршка од мнозинството граѓани, онаква каква што имаше пред да започне оваа операција насочена кон нас. Мнозинството граѓани сакаат кризата да заврши побрзо со избори. Народот е свесен во што СДСМ ја втурна Македонија, и дека неговата цел не е никаква слобода или демократија, туку на валкан и измамнички начин превземање на власта. Народот е потполно свесен и за целите на нивните подржувачи, и има силен отпор кон тие цели, одлучен е да не дозволи нивна реализација, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека мнозинството граѓани се свесни дека приказните на СДСМ со фантомски гласачи, и немање слобода на медиумите се само изговор за да се одложат изборите, бидејки знаат дека ќе ги загубат силно.
- Мнозинството граѓани сфаќаат дека СДСМ нема извлечено никаква поука од претходните изборни порази, и не само што не е подобрена, туку го има допрено своето дно. Безчуствително го тероризира народот и државата, за сосила да издејствува доверба и сосила да ја намали довербата во нас. Програма и проекти, ниту досега видоа, ниту ќе видат, а и ако пријателите им напишат и дадат, никој не верува дека 3 осто од тоа ќе се исполни,со овој деструктивен и изгубен раководен тим на СДСМ, вели Груевски.
Тој посочи дека мнозинството граѓани имаат проценето, дека освен што е безидејно и деструктивно водството на СДСМ на чело со нивниот претседател е со криминални навики и криминален начин на функционирање и резонирање. Исто така, нагласи тој, мнозинствоот граѓани се свесни дека ВМРО далеку подобро би ја водело земјата и во однос на економијата, и во однос на безбедноста, и во однос на реформите и во однос на националните интереси.
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран