Живот
22. јуни 2016 - 14:45

Опуштете се: Сексот за време на бременоста не може да му наштети на бебето ниту на мајката

Ја зголеми ли бременоста вашата желба за секс? Или сексот е последното нешто што ви доаѓа на памет? Во секој случај, еве што треба да знаете за сексот во текот на бременоста.
 
Сè додека имате нормална бременост можете да му се насладувате на сексот кога и да посакате.
 
Кога жената е бремена за прв пат, нормално е таа и нејзиниот партнер да бидат загрижени за ефектот кој би го имал сексот врз нивното неродено бебе. Сосема е природно идните родители да бидат загрижени за тоа дали притисокот врз матката може да го повреди бебето, дали има ризик од појава на инфекции или дали оргазмот може да предизвика предвремени породилни болки или абортус.
 
Сè додека имате нормална бременост можете да му се насладувате на сексот кога и да посакате. Кај нормалната бременост постои мал ризик од компликации како абортус и предвремено породување. Разговарајте со вашиот гинеколог на оваа тема, за да знаете дали можете да практикувате секс или не. Сè додека имате одобрување од него и имате желба, сексот може да биде дел од вашиот живот за време на бременоста.
 
Сексот може многу да ви помогне во тој период од животот, затоа што ќе одржувате силна врска со вашиот партнер и ќе бидете порелаксирана. Со тоа и вашето бебе ќе се чувствува подобро.
 
Бебето е заштитено од мембраната (во која се наоѓа амнионската течност), која го опкружува фетусот за време на неговиот развој во матката и од силните мускули на матката.
 
Бебето е заштитено и од инфекции, затоа што грлото на матката е затворено со дебел слој слуз. Пенисот не доаѓа во контакт со фетусот за време на сексот.
 
Сето ова може да ве увери дека нормалниот секс за време на нормална бременост нема да му наштети на вашето најмило.