Почнаа активностите за асфалтирање на третиот крак од улицата „Борис Крајгер“ во Штип
Општина Штип започна со подготвителни активности за асфалтирање на уште еден крак од улицата „Борис Крајгер“ во Штип. Тоа е сообраќајница која се смета за главна и која ги поврзува Радански пат со најголемата штипска населба „Сењак“.
- Ова е трет крак од оваа улица кој се асфалтира. Пред три години беше завршен првиот дел од спортската сала до спојот со улица „Партизанска“, лани следеше асфалтирање на вториот крак кај ООУ „Димитар Влахов“, а сега го асфалтираме третиот крак, практично горниот дел на улицата од трговскиот центар „Елкос“ па се до спортската сала Јордан Мијалков“. Инвестицијата е 2.7 милиона денари со вклучен ДДВ, во должина од околу 800 метри а оператор е „Коле транс инжинеринг“ од Штип. Оваа сообраќајница е меѓу десетте најоштетени, посебно делот пред спортската сала, рече Драган Ристов, советник за односи со јавност.
Тој додава дека и покрај високите темперетури, општината продолжува со активности за обнова и реконструкција на сообраќајници. Според Ристов, завршени се или во тек се тендерски постапки за уште десетина улици, вклучително и во руралните места. Ќе се асфалтираат и улиците „Иво Лола Робар“, „Димо Хаџи-Димов“, „Мара Минанева“ и „11 конгрес“ во населба Баби, една улица во Мерите во Ново Село, горниот дел од „Вардарска“, а тече тендерска постапка и за улица „Борко Талев“ која засега е единствениот влез во центарот на Штип од „Дујле“ преку местото „Промаја“ до улицата „Ванчо Прке“. Исто така ќе се асфалтираат и улиците во селата Долани и Врсаково.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија