-->
-->
Ова дете изгубило 75 проценти од видот поради една мала играчка!
-->
Општо познато е дека ласерите не се играчки за мали деца кои секогаш се љубопитни, а колку тие навистина се опасни говори примерот на малиот Џони Маршал, кого играњето со ласер го чинело губење на 75 проценти од видот.
Всушност тој на саем во школото на неговата сестра наишол на ласерско пенкало кое посакал да го има, па по убедувањето со неговите родители да му гo купат, тие попуштиле и му дозволиле да се игра со него.
Џони дома се играл со ласерското пенкало, а тогаш во еден момент ласерското пенкало го насочил кон своето око, дел од секундата кој довел до трајно оштетување на видот.
Ласерите за широка употреба смеат да имаат сила помеѓу 3 и 5 миливати, но голем број на овие уреди имаат поголема сила која може да остави трајни оштетувања на видот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим