Ужасна судбина: Во страшна сообраќајка дете загина на својот роденден
Петнаесетгодишниот Д.Т. го загуби животот во страотна сообраќајна несреќа која се случи вчера околу 2.45 часот по полноќ во центарот на Обреновац кога џипот „гранд чироки“ во кој се наоѓал тинејџерот удри во ѕид.
Во истото возило биле и Станислав Петковиќ (23) и Н.М. (15) и А.Р. (16) кои се тешко повредени.
Трагедијата да биде поголема, несреќниот тинејџер загина на својот роденден.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила при свртување кога автомобилот удрил во ѕид од некогашниот ресторан „Рибица“. Детето кое загинало на место, седело на задното седиште.
Истрагата за случајот е во тек, а видео од страотната несреча синоќа е поставено на Фејсбук.
Станува збор за снимка од безбедносните камери и го покажува директниот удар на џипот во ѕидот.
Неофицијално, полнолетното момче возилото го зело од својот татко. Постои сомнение дека родителот не знаел за тоа.
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево