Потпишан договор за заеднички развој на ИТ проекти со „Нетгруп“ од Естонија
Договор за соработка меѓу македонски и естонски ИТ компании денеска на иницијатива на Министерството за информатичко општество и администрација, потпишаа македонските компании „Инфинит солушнс“ и „ИТ Лабс“ со „Нетгруп“ од Естонија.
Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска рече дека овој вид на соработка е релативно нов начин на соработка на македонската Влада со останатите влади и компании.
- Се работи за дополнителна вредност на соработката, а тоа е дека македонските и естонските ИТ компании заедно ќе работат на развој на производи и на пласман на овие производи на странските пазари со што ќе се овозможи трансфер на знаење и технологии и секако учество во ителектуалната сопственост на овие развиени производи, рече Арсовска Томовска.
Потенцираше дека со соработката македонските компании заедно со естонската компанија „НетГруп“ ќе можат во иднина да работата на проекти кои ќе бидат пласирани на пазарите на балтичките земји и на европските пазари.
Амбасадорот на Естонија во Македонија Даниел Ерик Шаер рече дека договорот за соработка е добар сигнал и го покажува квалитетот на ИТ секторот и ИТ програмерите во Македонија и изрази надеж дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина.
Претставникот на естонската „НетГруп“ Прит Конго рече дека пред една година компанијата барала добар партнер за соработка, но тука нашла две такви компании.
- Сметам дека заедно можеме да создадеме нешто големо за новите пазари. Македонскиот и естонскиот пазар се мали, но можеме да имаме добивка со тоа што ќе бидеме активни и динамични. Гледам многу сличности. Среќен сум за соработката и се надевам дека ќе направиме нешто големо за светот, рече Конго.
Владимир Илиевски од „ИТ Лабс“ рече дека компанијата веќе 11 години работи на светско ниво и има повеќе од 90 вработени во Македонија, од кои 70 проценти се обучени и започнале кариера во „ИТ Лабс“. Тој посочи дека целта на соработката е да се зголеми обемот на работа и со тоа да се отворат нови работни места.
Слаѓан Михајловски од „Инфинит солушнс“ рече дека компанијата има работено над 150 проекти во изминатите 15 години и со потпишувањето на договорот очекува македонските ИТ компании да стекнат партнери во Европа и САД, како и да привлече големи компании кои ќе направат инвестиции во Македонија.
Ново на Сител
-
Без вода дел од стар Аеродром
-
МВР: Нормализиран протокот на граничните премини, не е точно дека е вратен стариот систем на контрола на ГП Блаце
-
Трамп објави царини од 30 отсто за Мексико и Европската Унија
-
Мицкоски за можна вмешаност на функционер од ДУИ во пожарите: Aко се потврди вина, ќе биде проблем за некои!
-
Битолчанец фрлил експлозивна направа на улица, оштетил седум автомобили
-
Автомобил без контрола се движел кон полицајци, дрвокрадци рипнале од него во движење
-
Припадникот на АРМ бил убиен бидејќи неговата ќерка одбила да се мажи со лицето кое пукало
-
OJO бара притвор за напаѓачот на Арсовска