Балкан
13. јуни 2016 - 15:45

Деверот на Јелена е главниот осомничен - Еве зошто

Милош Марјановиќ, деверот на убиената Ѕвезда на Гранд, Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е најслабата карика во истрагата за убиството кое го потресе регионот. Тој е исплашен бидејќи до сега два пати бил сослушан во полиција, а постои можност и да биде приведен поради контрадикторните тврдења.
 
Милош во последно време видно ослабел, се црта со црн креон и буквално изгледа како секташ. Промената на изгледот особено за време на убиството на Јелена отвара многу прашања.
 
- Од секогаш беше чуден, но во последно време се претвори во мумија. Не јаде, не спие, се црта со црно, ослабна, го остави свирењето кое беше негова страст. Беше сослушан, а сега е во паника, вели негов близок пријател.
 
За потсетување, Јелена беше убиена на 2 април, а сега и три месеци по убиството нема ни трага од убиецот.