Германците поставија нов светски рекорд за најголем ролат од месо
Во градот Улм на Дунав во јужниот дел на Германија, вчера беше направен најголиот ролат од месо „leberkaese“ во светот.
Во Улм се наоѓа највисоката црква во светот „Улм Минстер“, па должината на ролатот е еднаква со нејзината висина од 161,53 метри.
За изработка на ролатот беа потрошени 1,2 тони месо. Ролатот првично беше долг 165 метри, но потоа едниот негов крај веше отсечен за да одговара на висината на камбанаријата на црквата.
Локалното здружение на месари сакаше со овој чин да влезе во Гинисовата книга на рекорди, а приходите од продажбата на 13 илјади порции да бидат донирани на црквата.
„Leberkaese“ е вид на ролат од месо, кој традиционално се јаде во јужна Германија, Австрија и Швајцарија.
Тој бил измислен од страна на личниот месар на баварскиот владетел Карл Теодор, кој изработувал колбаси од мелено говедско и свинско месо.
Името „leberkaese“, кое се состои од германските зборови за црн дроб и сирење, е привидно, затоа што овој специјалитет не го соддржи ниту едното, ниту другото.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава