Фатени рибокрадци и недозволен риболовен алат на Црн Дрим
Повеќе од еден километар мрежи и недозволен риболовен алат, како и 12 рибокрадци затекнал концесионерот на риболовниот ревир во реката Црн Дрим 1, ЗРСК Пастрмка од Струга.
Како што соопшти денеска концесионерот, во соработка со Државниот инспекторат за земјоделство од Охрид, во акциите за заштита на рибите кои се мрестат бил нападнат и рибочувар на ЗРСК Пастрмка.
- Во споменатите акции запленети се повеќе од еден километар мрежи и друг недозволен риболовен алат: сертмиња, трокуки, харпуни и слично, затекнати се 12 лица како вршат недозволен риболов и против нив се покренати прекршочни постапки. Во една од акциите беше физички нападнат и овластениот рибочувар при ЗРСК Пастрмка - Струга, за што реагираше и МВР и ќе биде побарана кривична одговорност за сторителот, информира концесионерот на риболовниот ревир во реката Црн Дрим 1.
Концесионерот најави дека во соработка со Инспекторатот ќе продолжи со реализација на акциите за спречување на рибокрадство и риболов во забрана за мрест.
Ново на Сител
-
Белингем: За Реал е важно да го освои Светското клупско првенство
-
Леклер очекува многу тежок викенд за Ферари во Монако
-
Роналдо има намера да игра уште најмалку две сезони
-
Без струја делови од Скопје и приградски населби
-
Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија
-
Песков: Рок за меморандум за примирје е невозможен
-
Министри на ЕУ ќе разговараат за војната во Украина, Блискиот Исток и одбранбените капацитети
-
Членките на СЗО гласаа за глобален договор за подобрување на подготвеноста за пандемии