-->
-->
Минчо Јорданов повеќе не е најбогат Македонец- Форбс ја објави листата
-->
По три години на тронот, Јордан Камчев го турна Минчо Јорданов од првото место на најбогати, пренесува 24Вести. Форбс го рангираше Камчев за најбогат Македонец.
Во овогодинешната листа на најбогати што ја објави угледниот економски весник Форбс насловена како младоста го победи искуството има рокада во топ петте најбогати.
1. Со 22,8 милиони евра вредност на компаниите во сопственост на Јордан Камчев како што се Кара, Орка, Стопанска банка Битола, Бетон Штип. Камчев изби на првото место на најбогати, пренесува телевизијата.
2. На второ место со 22,5 милиони евра колку што чинат Макстил, Бетон и Факом. Кралот на челикот Минчо Јорданов, падна на второ место, пренесува 24Вести.
3. Со вкупната вредност на акциите на Макпетрол и Олико од 20 милиони евра Форбс го рангираше Андреја Јосифовски на третото место.
4. На четврто место со вредност од 13,3 милиони евра на Прилепска Пивара и сопственост од контролниот пакет на акции од 74% е Сашо Самарџиски.
5. На петто последно место со 9,8 милиони евра колку што чини Алкалоид според вредноста на акциите се најде Живко Мукаетов.
Според висината на остварените приходи во 2014 година во топ 10 се најдоа Џонсон Мети со приход од 936 милиони евра, повеќе од двојно помалку или со приход од 394 милиони евра на второто место е ЕВН, на трето Окта, Макепетрол, ЕЛЕМ, Фини индустри, Македонски Телеком, Лукоил, Т- мобил и Алкалоид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино