Свет
20. May 2016 - 16:56

Четворица загинати при пад на француски полициски хеликоптер

Четворица припадници на француските специјални сили загинаа при уривање на хеликоптер во југозападна Франција, јави Скај њуз.

Хеликоптерот удрил во карпа во близина на населбата Котрет при што загинаа сите четири членови на екипажот, односно пилотот, копилотот и двајца спасувачи.

Причината за несреќата се уште не е позната. 

Премиерот Мануел Валс преку Твитер изрази сочуство до семејствата на загинатите.