Згрижени ќе бидат 200 семејства од Шипковица, Голема и Мала Речица
Црвениот крст на Македонија денеска ќе згрижи околу 200 семејства од Шипковица, Голема и Мала Речица кои, според првичните проценки, се најоштетени и загрозени од завчерашните врнежи.
Како што изјави генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити, веќе се обезбедени и првичните количини вода, храна, средства за хигиена, дезинфекција и ќебиња.
- Нашите тимови се постојано на терен, даваат препораки и во целост ја следат состојбата, истакна Саити по денешното примање на донацијата од австрискиот Црвен крст за македонските болници.
Состојбата во Тетовско се следи континуирано и од здравствен аспект. Направен е целосен увид во водоводната и канализациската мрежа. По расчистувањето на теренот, ќе почне и дезинфекцијата.
- Уште вечерта кога се случи катастрофата, тимовите отидоа на терен. Покрај локалните, вклучивме и екипи од здравствените домови во Скопје и Гостивар, а пристигнаа и специјалистите по хигиена и епидемиологија од Регионалниот центар за јавно здравје во Тетово. Сите институции вклучени во Координативното тело што го формира Владата, максимално ги ставија на располагање своите расположливи средства за настраданите, рече заменик-министерот за здравство Јовица Андовски.
За состојбата во Тетовско, заклучно со вчера, помош до Црвениот крст на Македонија понудиле Црвениот крст од Албанија и од Бугарија
Ново на Сител
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час
-
Ди Марија ја напушта Бенфика
-
Италијанецот Стано го собори светскиот рекорд во брзо одење на 35 километри
-
Алкараз го совлада Синер за прва титула во Рим
-
Македонските тенисери елиминирани во квалификациите на „Macedonian Open 2025“
-
Ратко Радовановиќ и Пау Гасол нови членови на кошаркарската Куќа на славните на ФИБА
-
Новиот претседател на Романија, Никушор Дан – математичар во борба против корупцијата
-
Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар