Ова ситно и одвратно суштество го имаме на своето тело, но нема да верувате каде!
„Домаќини“ сме на многу микрооргаизми, но дали сте се запрашале на кои се суштества сме им дом?
Овие суштетсва големи се третина од милиметар, а се наоѓаат на нашите трепки, образи, на коренот од косата, но и на влакната кои ги покриваат брадавиците и генеталиите. Ако сте помислиле, јас ги немам, сте се излажале.
Истражувањето кое било спроведено покажало дека сите испитаници ги имале овие мали, грди, но за нас безопасни суштества.
Сепак, ако дојде до паѓање на имунитетот, промена на квалитетот на кожата, зголемен број на лојни жлезди, некои аутоимуни или малигдни болести, се претвараат во непријатели, односно опасни паразити кои можат да предизвикаат тешки воспаленија на кожата, воглавно на лицето и веѓите.
Во текот на денот воглавно мируваат, но навечер излегуваат на површината на кожата, каде се наоѓаат мажјаците. Животниот век на Демодекс е неколку дена. Грините не поднесуваат дневна светлина, па по површината на кожата се движат навечер со брзина околу еден сантиметар на час.
Интересно е дека и Демодекс во севоето тело има паразити (Bacillus oleronius), кои се ослободуваат кога грините угинуваат и може да предизвикаат силна иритација на кожата. А терапијата е прилично агресивна па во случај на силна иритација на кожата потребно е да користите блага и смирувачка неутрална крема.
Како што расте бројот на Демодекс на нашата кожа со годините, нас ни преостанува само да ја прифатиме оваа симбиоза и да се надеваме дека „подстанарите ќе останат мирни“.
Ново на Сител
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци
-
Објавена снимка од надзорна камера, Арсовска прва нападнала, а полицијата веднаш реагирала | ВИДЕО
-
Освоивме прва награда на ICAMES во конкуренција на 15 држави | Елена и Марко од ФЕИТ | Sitel Podcast 103
-
Алкараз ќе ја брани титулата на Вимблдон, откако избори трето финале
-
Новата ракометна сезона ќе ја отворат Еурофарм Пелистер и Вардар во Супер купот
-
Утре потопло со пораст на дневните температури
-
Општина Чаир го осудува нападот врз Арсовска, нагласува дека никој од институцијата не е поврзан со настанот