Ревија на кинески филм во Конотека на Македонија
Пет филмови од кинеската кинематографија ќе бидат прикажани во рамки на „Ревијата на кинески филмови“, што од денеска до 20 мај ќе се одржува во Кинотека на Македонија.
Според програмата, вечер со почеток од 20 часот е проекцијата на играниот филм „Нарушувајќи ја тишината“ од 2000 година, во режија на Џоу Сан. Ова е драма за една мајка која ќе направи се да му овозможи добар живот на нејзиниот син кој има проблеми со слухот.
На отворањето ќе се обрати кинескиот директор на Институтот „Конфуциј“, проф. д-р Денг Шиџонг.
Играниот филм „Двајца стануваат еден“ од 2006 година, во режија на Винг-чеонг Лоу ќе се прикаже во вторник, во 20 часот. Станува збор за моќна одисеја на една жена која се бори со рак на дојка.
В среда од 18 часот ќе биде прикажана акционата комедија „Мал голем војник“ од 2010 година, во режија на Шенг Динг. Филмот е по сценарио на Џеки Чен, кој се појавува и во главната улога. В четврток од 18 часот ќе биде прикажана акционата комедија „Мој личен мечувалец“ од 2011 година, во режија на Џјинг Шанг. Филмот е снимен според истоимената серија од 2006 година, која беше голем хит во Кина.
Ревијата завршува в петок со филмот „Лотосов фенер“, екранизација на позната кинеска легенда, кој во 17 часот ќе можат да го проследат најмладите и оние кои сакат да се запознаат со кинескиот фолклор. Филмот во режија на Чанг Гуангшји е победник во категоријата „Најдобар анимиран филм“ за наградата „Златен петел“, која ја доделува Кинеската филмска асоцијација.
Продукциската и дистрибутерска куќа „КТ Филм и Медиа“, преку проектот „Ревија на светските кинематографии-Кина“ го доближува кинескиот филм и кинеските културни вредности до македонската публика.
Проектот е реализиран во соработка со Институтот „Конфуциј“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Проектот „Ревија на светските кинематографии“ е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.
Ново на Сител
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија