Црквата му дозволи на германски пензионер да биде погребан со неговото куче
Доказ дека Германците сакаат кучиња е еден пензионер од германскиот град Ахен, кој доби позитивен одговор од Католичката црква на неговото барање да му биде дозволено „вечно да ја споделува својата љубов со неговиот јазовичар“.
Имено, како што јави ДПА, католичката епархија во Ахен му дозволи на 68-годишниот неименуван пензионер да биде погребан во ист гроб со неговиот (веќе починат) пес од сортата јазовичар.
Германецот бил приморан да поднесе вакво барање бидејќи правилата на Црквата забрануваат заедничко погребување на луѓе и животни.
Според германскиот таблоид „Билд“ ова е прв случај во Германија да биде дозволено погребување на човек и животно во ист гроб.
Сепак, според портпаролот на епархијата, станува збор за еднократна одлука, Тој објасни дека технички не станува збор за заеднички погреб, бидејќи прво ќе биде погребан човекот, а потоа гробот ќе биде повторно отворен за да се закопаат останките на кучето.
- На овој начин, не постои заеднички погреб, изјави тој за ДПА.
Ново на Сител
-
Иран вели дека го задржува правото на каков било одговор на „скандалозните“ американски напади
-
АХВ: Не издаваме никакви HACCP дозволи, туку само ја контролираме работата на операторите со храна
-
Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир
-
Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо
-
Сончево со температура до 34 степени
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути