-->
-->
Фестивал на шумите во Малешевијата
-->
Во Малешевијата викендов ќе се одржува вториот Фестивал на шумите. На Беровското Езеро Фестивалот официјално ќе го отвори заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.
Како што информира Општина Берово, целта на манифестацијата е да го стави руралниот развој во фокусот и да ја акцентира вредноста на шумите.
Фестивалот има едукативен, натпреварувачки, промотивен, саемски, рекреативен и забавен дел. Посетителите ќе можат да присуствуваат на промоции на книги, видеа, филмови, изложби, форуми од еколошки карактер, натпревари во шумски вештини, планински и велосипедски тури, а има и промоција на локални производи.
Организаторите очекуваат 200 учесници од целиот регион.
Шумите покриваат околу 40 отсто од целокупната територија на Македонија и се важен природен ресурс за околу 60.000 сопственици на приватна шума, особено во ридско-планинските подрачја.
Фестивалот е поддржан од CNVP-Македонија, а го организираат општините Берово и Пехчево, Националното здружение на сопственици на приватни шуми и Програмата за зачувување на природата во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола
-
Kaj 30-годишник во Аеродром пронајдена, марихуана, бела грутчеста материја, таблети и пиштол
-
Прекин во работењето на системот е-Даноци
-
Шекеринска учествува на Форум за надворешна и безбедносна политика во Литванија
-
Украинските власти објавија национална воздушна тревога
-
27 годишен дечко и 28 годишна девојка се истепале пред кафана во скопски Аеродром
-
Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација
-
Почина македонскиот репрезентативец и тренер Александар Јовиќ