-->
-->
Државите од регионот имаат што да понудат на светскиот пазар за авантуристички туризам
-->
Туристичката понуда на Македонија и на регионот кога е во прашање активниот туризам, начините за нејзино унапредување, потоа начините за презентација пред светските медиуми и глобалниот пазар, и понудата на конретни специјализирани тури наменети за тој вид туристи беа главните аспекти на големата конференција за активен туризам „Адвенчр некст Балканс“ што изминатите денови се одржа во Охрид.
Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција имаат што да понудат на светскиот пазар на авантуристички туризам, кој според податоците претставува сегмент со најголем раст во глобални рамки.
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот што е организатор на собирот во Охрид, соопшти дека во рамки на конференцијата се одржани 490 бизнис-средби меѓу 58 снабдувачи на туристички услуги од регионот и 44 потенцијални купувачи од Европа и Северна Америка. Средбите се оценети како почеток на нова бизнис соработка што се очекува да прерасне во конкретни бизнис-зделки кои ќе донесат нови туристи во Македонија и другите балкански дестинации во наредните неколку години.
За време на конференцијата одржани се и бројни средби на претставници од туристичката индустрија во регионот и 20 светски познати медиумски куќи, како „New York Times“, „Guardian“, „National Geographic“, „Lonely Planet“, „Wanderlust“, специјализирани за туристичка реклама и промоција, од кои се очекува зголемено информирање во светските медиуми за туристичката понуда на Македонија.
Значаен дел од активностите на конференцијата беа и неколкуте едукативни сесии посветени на теми како иновации во туризмот, стимулирање на економски развој преку туризмот, создавање на препознатливи туристички искуства и растот на кулинарскиот туризам
На самата конференција и претходеа прмотивни тури на кои претставници на 50тина меѓународни туроператори и патописни новинари од 17 земји можеа да видат дел од туристичката понуда на Македонија, Косово, Хрватска, Црна Гора и Албанија. Беа одржани и повеќе од дваесет тури за активен туризам во близина на Охрид организирани од домашни туроператори, на кои беа презентирани можностите за културни активности и активности во природа, како пешачење во Националниот парк „Галичица“, експедиција за конзервација на флората и фауната на Охридското Езеро, фотографски тури, вински тури и археолошко-историски тури во Охрид.
Сличните настани како конференцијата во Охрид како и активностите насочени кон изнаоѓање можности за унапредување на соработката на туристичките субјекти се посочени како важна алатка што придонесува и за надминување на политичките конфликти меѓу земјите на Балканот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник